Ова е јакната што ви е потребна за дождливо време

4 април 2017

Со пролетта пристигнаа и првите дождови кои ние едноставно ги обожаваме! Нема ништо поубаво од мирисот на дожд во утринските часови кој ќе ве разбуди и подобро од јако црно кафе.

Иако многумина ќе кажат дека дождот многу често знае да ги расипе комбинациите што сме ги планирале, верувајте дека вие сѐ уште не сте ја пронашле вистинската.

Она што ние денеска ви го презентираме е оваа стилска комбинација од Weekend Max Mara составена од неколку клучни парчиња, од кои едно особено потребно за дождливи денови.

Станува збор за оваа фантастична црвена јакна со качулка која е направена од исклучително квалитетен материјал кој ќе заштити сѐ што ќе одберете да облечете одоздола.

Ние сакаме да ја комбинираме со ова впечатливо фустанче во црвено – бели пруги кое е вашиот совршен сојузник за сите оние денови кога времето е облачно.

Истото ќе ве расположи и вас и сите оние покрај вас, благодарение на шармантната црвена боја која секогаш има една поинаква и навистина силна моќ.

Не двоумете се воопшто и оваа комбинација украсете ја со овие шик црвени чевли со врвки кои ќе стават уникатен печат на вашиот стајлинг.

Бидете вистинска дама дури и во оние дождливи денови кога единствено што сакате е да седите дома и да уживате со добар филм.

Доколку сѐ уште не го најдовте совршеното пролетно парче во кое задолжително мора да инвестирате оваа сезона, тогаш тоа нека биде оваа стилска јакничка која ќе ја обожавате! 

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.152 пати