Популарната њујоршка дизајнерка Алана Џонсон која стои зад брендот Orseund Iris повторно создаде шик парче што го освои Инстаграм.

Овие денови, познатите блогерки се чини дека ја преплавија социјалната мрежа со разни комбинации во кои ја вметнаа новата шармантна кошула.

Кошулката се продава под името Night Out кое совршено ја опишува, а истата е како создадена за луди забави.

На истата има неколку атрактивни детали што ја прават уште попривлечна и поради тоа воопшто не треба да не чуди фактот што е толку популарна.

Кошулката е со долги ракави, има отворен грб што ја прави исклучително секси, деколте и ролка истовремено, а можете да врзете и голема панделка за романтична нота.

Изработена е од висококвалитетен сатен во две популарни нијанси – темносина и нежна розова, а најдобро изгледа во комбинација со фармерки со висок струк, но и некое стилско здолниште.

Во галеријата погоре погледнете како познатите девојки ја носат омилената нова кошула од Инстаграм.

Инфо и фото: Buro 24/7

Објавено:
10 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.918 пати