Ова е најпопуларниот бренд за парка јакни годинава

25 ноември 2016

Последните студени сезони веројатно и вие си набавивте една од популарните парка јакни кои девојките ги обожаваат.

Голем број популарни high street брендови и дизајнерски куќи понудија огромен број модели за сечиј вкус, освен онаа со розово крзно која стана и повеќе популарна одошто требаше.

Се чини најголемо внимание предизвикаа парка јакните од колекцијата на италијанскиот бренд Mr. and Mrs. Italy кои ги носат некои од најпопуларните девојки во моментов.

Токму со овие парка јакни денеска своите комбинации ги украсуваат популарните блогерки како Тами Мекфирсон, Кандела Новембре, Кјара Ферањи, Ева Чен и многу други.

Покрај класичните парка јакни со крзно, тие нудат и куси бомбер јакни со колоритни детали поради кои брендот дополнително доби на популарност.

Една од нивните најголеми обожавателки е познатата италијанска блогерка Кјара Ферањи која заедно со тимот дизајнери смисли и сопствена колекција парка јакни кои моментално се продаваат на нејзината онлајн продавница.

Погледнете ги нивните најпопуларни и најпродавани модели во галеријата. 

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.705 пати