Ова е најпосакуваниот фустан од модната недела во Копенхаген

18 август 2018

Многупати сме пишувале дека Скандинавките се дефинитивно едни од најстилските жени во светот, а тоа повторно го докажаа на модните недели во Шведска и Данска.

Она со што особено пленат е тоа што секоја дама има посебен стил и на неверојатен начин знае да ги спои трендовите со свои лични парчиња и да остави шик печат.

На последната модна недела во Копенхаген еден фустан особено се издвои, а се чини дамите од градот истиот го обожаваат, па можевме да го видиме дури на неколку девојки.

Она што е особено интересно е дека речиси секогаш тие сакаат да промовираат домашни брендови, па така и овојпат, фустанот доаѓа од колекцијата на данскиот бренд Stine Goya кој е релативно нов.

Станува збор за долг, романтичен фустан со долги ракави и цветен принт кој особено привлекува внимание.

Прва овој фустан го промовираше познатата стилистка Емили Синдлев за време на модната недела во Копенхаген, а по неа и бројни други девојки се заљубија во ова парче.

Дизајнерката Stine Goya

Погледнете како изгледа овој прекрасен фустан за кој веќе има листа на чекање.

Објавено:
18 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.284 пати