Ова лето шешир „оди“ на сѐ

13 мај 2022

Колку шик би било ова лето со вашето омилено одело да искомбинирате сламен шешир...

Замислувате? Да, би било фантастично.

Шешир „оди" на сѐ. Детаљ кој дава отмен печат во секоја комбинација.

Покрај тоа што има практична функција да ве заштити од топлото летно сонце, шеширот и тоа како може да го збогати естетскиот впечаток.

Надоврзувајќи се на актуелните тенденции што ова лето ни донесоа богат колорит, изборот на летни шешири е фантастичен и во однос на боите, па така освен стандардните земјени тонови, актуелни се моделите во силни бои како розова, жолта, портокалова, акцентирани со по некој впечатлив детаљ како цвеќе или панделка.

За инспирација размислете ова лето како би го комбинирале омилениот шешир со ленената кошула-фустан, романтичнното здолниште со карнери, елегантното дводелно одело, со кафтан или со шорцеви... Ако немате идеја, ќе ви помогнеме со инспирација од уличната мода.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
13 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.193 пати