Ова парче се носеше најмногу во 2013 година

30 јануари 2014

Lady Dior  кампања

Ако за некој 2013 година беше успешна, тоа е Диор, а еве и зошто. Парчето кое најмногу се носеше меѓу познатите е токму здолништето од колекцијата на Диор од Pre-Fall 2013.

Иако многумина мислеа дека таа титула ќе му припадне на пругастиот црвено-син комплет на Мајкл Корс за пролет 2013, сепак здолништето на Диор победи. Креацијата на Корс познатите дами ја носеле пет пати, додека онаа на Диор седум пати.

Прва во здолништето се појави големата пријателка на брендот Марион Котилард, на минатогодишното доделување на SAG наградите. Нејзината беше сина, но набргу се појавија и други дами со здолништа во други нијанси. Славните дами особено го сакаа ова парче во корална боја (таква на пример носеше Џенифер Лопез), но и во вечната, црна боја.

кампања

Диор здолништето во годината на свечените случувања, како што напоменавме се носеше седум пати на сите континенти и во многу градови, од Холивуд, преку Москва и Бомбај, до Берлин.

Сепак, ниту ова парче не ја достигна популарноста на победникот за 2012  година, фустанот „Саскиа“ на Стела Мекартни, кој е виден дури девет пати.

Алиа Бхат Алиа Бхат

Карис ван Хаутен Карис ван Хаутен

Марион Котилард Марион Котилард

Ни Ни Ни Ни

Равшана Куркова Равшана Куркова

Џан Џи Хун Џан Џи Хун

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Тренд