Ова се есенцијалните парчиња за лежерен париски шик

10 септември 2014

Парижанките никогаш не претеруваат со шминка, не се под влијание на „хистеријата“ која ја носи помодарството, не се губат во динамичното ротирање на трендовите и не се „трупат“ со накит... А сепак изгледаат префинето, допадливо, урбано. Дали е можеби до гените, шармот, енергијата?

Содветниот спој и на наједноставните парчиња облека и модни додатоци создаваат успешна целина. Тоа е есенцијалното „модно правило“ кое го почитуваат шик дамите од градот на светлината, а на кои сите им се восхитуваме.

Чистите и минималистички кроеви на палтата, класични панталони, белата кошула, дамскиот шешир, удобните балетанки, никому не му се непознати, а и голем дел од жените ги поседуваат во својот плакар, па останува само одмерено направената комбинација.

Лесно ќе го препознаете парискиот шик во вашиот плакар.

 

 

 

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Тренд