Ова се најмодерните модели очила за сонце за ова лето!

30 јуни 2015

Иако сѐ уште не можеме вистински да му се израдуваме на летото поради ниските температури, сепак вистинско време е да се подготвиме за топлите денови што доаѓаат!

Покрај вистинскиот избор на модерни и удобни парчиња облека, ова лето дефинитивно потребни ви се и вистинскиот чифт очила за сонце што покрај тоа што ќе бидат ултра модерни, вистински ќе ве заштитат од сонцето.

Ние ги имаме најмодерните модели на очила за сонце што одлично ќе се вклопат во секоја ваша комбинација во која ќе уживате ова лето.

Како и минатото, така и ова лето како најпосакуван модел на очила за сонце се издвојуваат оние со мачкаст облик, но и моделите со колоритни рамки.

Од моделите за ова лето, навистина има за сите по нешто! Особено интересни се очилата за сонце со кружни рамки за ретро нота во стилот, а особено впечатливи се Диор очилата по кои полудеа сите светски трендсетерки.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги најпосакуваните модели за очила за сонце за ова лето.

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Тренд