Ова се најпосакуваните модели на чизми од антилоп за сезонава!

29 октомври 2015

Доколку оваа сезона сакате да се издвоите од сите останати, тогаш задолжително набавете си чизми од антилоп!

Варијациите на бои се навистина прекрасни и почнуваат од темно црвена, разни нијанси на кафена, темно сина и секогаш елегантната црна.

Токму овој модел чизми е омилениот на девојките ширум светот, затоа што истовремено се толку уникатни, а и можат да се комбинираат со сѐ што ќе посакате.

Од светските брендови, најдобрите модели оваа есен ги имаат Стјуарт Вајцман и Аквазура, а сите нивни варијации можете да ги најдете и во популарните high street брендови.

Ако моделот чизми е над колената, тогаш вие дефинитивно сте ИТ девојката оваа сезона!

Објавено:
29 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.835 пати