Ова се патиките што се пребаруваат на Интернет на секои две минути

6 јули 2019

По впечатливите и малку гломазни патики на брендот Баленсијага, од Александар Меквин доаѓа нов модел што ужива подеднаква, ако не и поголема популарност од истите.

Станува збор за патики со висока пета кои за многу кратко време станаа must have кај дамите низ целиот свет, а Џенифер Лопез, Гвинет Палтроу и Кејти Холмс.

Модната платформа Lyst неодамна соопшти дека овие патики најверојатно ќе бидат најпребаруваното модно парче за оваа година со оглед на тоа што се пребаруваат на секои две минути.

Само во изминатиов месец, побарувачката за истите се зголемила за неверојатни 30 проценти, што доволно говори за фактот колку се истите обожувани.

Иако потсетуваат на моделите на Адидас, овие патики на Меквин чинат околу 400 – тини евра, а девојките ги обожаваат бидејќи можете да ги комбинирате со безброј парчиња.

Ви се допаѓаат ли?

Инфо и фото: tportal.hr

Објавено:
6 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.040 пати