Оваа есен не ги заобиколувајте шлицовите

31 октомври 2013

Фустани, здолништа, туники, комплети со еден или повеќе шлицови не се нешто што веќе долго не е видено на модните писти. Се носеа и за сезоната пролет-лето 2013 како и за оваа есен-зима, но секоја сезона секогаш носи интересни детали, бои и комбинации кои претходно не беа толку нагласени. Затоа, ако минатата година го заобиколивте овој тренд, оваа година, а и новата што доаѓа дефинитивно треба да размислите во вашата гардероба да додадете барем едно парче со шлиц.

Нов кежуал

Доста ви е од класичните панталони, па доколку почнете да  носите парчиња со шлиц, сигурно ќе се чувствувате поинаку и ќе се истакнете од толпата и униформираноста.

Коктел  шлиц

Ако ви е потребна елегантна облека за разни свечени прослави и пригоди, еве неколку интересни комбинации во кои ќе се истакнете со вашиот специфичен моден вкус.

Црното секогаш е привлечно

Црното никогаш не излегува од мода. На црна боја, шлицовите даваат посебен ефект на женственост и привлечност.

Долги фустани, долги шлицови

За сите оние што сакаат да заблескаат во долг есенско зимски фустан или здолниште и да ги истакнат нозете, ви предлагаме од овие шлицови.

Шлицови и на лето

Ако мислевте дека шлицовите се само моментален хит, се лажете. Еве што ви нудат дизајнерите и за лето 2014

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Тренд