Веќе знаеме дека и летово ресите беа огромен тренд, но тие се далеку пофраерски кај новите, есенски парчиња што ги обожаваме.

Доколку сѐ уште не сте купиле есенска јакна во која ќе ги поминете свежите денови, запомнете дека на неа мора да има реси!

Најубавиот спој сезонава е комбинацијата од превртена кожа и реси, а доколку пак парчето е во есенски бои, тогаш имате полн погодок.

Покрај јакните, вистински хит есенва се и чантите, елеците и здолништата со реси, а нашата омилена е дефинитивно чантата од брендот Chloe која остави огромен впечаток и кај светските трендсетерки.

Одлични за стилски комбинации се и кожените здолништа со многу реси во долниот дел, што ние обожаваме да ги комбинираме со лесна кошула одозгора.

На секоја комбинација додајте ѝ зимска шапка и подготвени сте да ја освоите есента! 

Објавено:
23 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.608 пати