Оваа есен пердувите нека бидат главни во вашиот стајлинг

29 октомври 2014

Дизајнерите дадоа зелено светло за пердувите како еден од најактуелните трендови за оваа сезона. Пердувите се специфичен моден додаток, затоа потрудете се да не претерате, туку комбинирајте ги според вашиот личен моден сензибилитет. Дајте му ваш печат. Оваа есен-зима пердувите доаѓаат во многу бои и стилови.

И покрај тоа што ви се допаѓаат, стравувате да ги носите, за да не изгледате како птица? Еве совет.

Наместо целосен изглед во пердуви или гломазен капут од истиот „материјал“, задржете се на едно парче, или впечатлив моден додаток. Овој тренд најлесно можете да го испратите со здолниште. Мини здолниште во црна или во некоја друга боја одлично се комбинира со класична маица, широка кошула, блуза... Кога се обувките во прашање, нема посебни ограничувања. И да одберете чевли или високи чевли, ќе изгледате добро.

 

Маици и блузи со пердуви, џемпери до детали од пердуви се исто така добар начин да го следите овој тренд. Доколку сте похрабри и капут од пердуви изгледа одлично. Комбинацијата што ќе ја имате под капутот треба да е поедноставна, бидејќи таквиот капут е доволно впечатлив, елегантен и гламурозен.

Ако не сте толку храбри, тогаш чанти, капи, накит, апликации со пердуви се исто така одличен избор за да изгледате тренди по ваш вкус. Џинсот и кожата се интересен избор за комбинирање на пердуви.

Во продолжение ви презентираме дел од идеите како можете да го имплементирате овој тренд во вашиот стајлинг:

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Тренд