Иако деновиве времето целосно се промени, тоа не значи дека омилената пролет не доаѓа наскоро. Првото нешто што ни доаѓа напамет кога говориме за прекрасните топли денови се лелеавите парчиња во кои секогаш се чувствуваме одлично!
Оваа сезона на омилените романтични блузи и фустани дизајнерите им додадоа панделки и ги направија уште поубави!
Панделката е детаљ што ќе внесе свежина во секоја комбинација и ќе ја направи да биде уште поубава, а дополнително ќе ве истакне и вас.
Токму блузите со панделка оваа сезона се наметнаа како еден од најголемите трендови, бидејќи девојките за кратко време се вљубија во нив.
Ако се одлучите да комбинирате ваква блуза или фустанче, секогаш погрижете се сите останати парчиња да бидат едноставни за да не изгледате натрупано.
Доколку сакате нешто повеќе и сте доволно храбри, одберете кошулка со предимензионирана панделка и оставете впечаток на кул девојка која не се плаши од експерименти.
Ова се супер парчиња со кои ќе се истакнете на следната семејна веселба или пак пролетна свадба на која секако треба да блеснете.
Во галеријата погледнете некои од најпосакуваните парчиња со панделка за оваа пролетна сезона.
Инфо и фото: Fashion.hr