Оваа пролет направете место за џинс здолништата од 90-те

2 февруари 2023

Временската модна машина оваа пролет ни го враќа трендот од 90-те и раните 2000-ти, џинс здолништата кои во суштина и никогаш не ги заборавивме, но овојпат се најавуваат како хит тенденција.

Ако го чувате вашето омилено џинс здолниште во „молив" крој или во крој со плисе техника, сега е вистинско време повторно да му отстапите простор во вашиот стил.

Духот на новото време им дава една нова, свежа енергија на класичните модели на џинс здолништа, кои овојпат ќе ги гледаме и во неконвенционални кроеви, со асиметрични пресеци, во комбинација со други ткаенини, стилизирани во еклектични миксови, па дури и начинот како ќе ги носиме е малку поинаков и дозволува поголема слобода во комбинирањето.

Ќе ги носиме дури и во деловни комбинации, особено моделите со миди должина, со висок струк, кои совршено прилегаат со елегантна кошула или ролка и блејзер.

Објавено:
2 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.006 пати