Тренд аларм: Оваа пролет носиме целосно бели комбинации

18 април 2017

Иако деновиве се чини дека ќе уживаме во малку пониски температури, тоа не значи дека треба да се збогуваме со лесните пролетни парчиња.

Ние оваа сезона ги обожаваме еднобојните комбинации, особено оние во светла варијанта кои секогаш изгледаат толку шармантно.

Она што секоја девојка треба да го има во плакарот, особено во пролетните денови се белите панталони и кошула кои секогаш ќе ви завршат работа кога сте без инспирација.

Ваквата комбинација е одлична за многу пригоди, почнувајќи од секојдневните работни обврски, па сѐ до некоја лежерна, но сепак свечена пригода.

Кога ќе имате можност, комбинацијата надополнете ја со овие шик сандали со животински принт на висока потпетица кои се дефинитивно едни од најубавите за оваа сезона.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Панталони, кошула, сандали: Mango

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.961 пати