Оваа сезона бидете „фенси“ девојка со принт мантил

30 мај 2014

Променливото време може да не изненади и во топлите летни месеци, а за да бидете подготвени за непредвидените  временските температурни разлики, во гардероберот секогаш оставете простор и за пролетно-летните палта. Сигурно и самите знаете дека не треба да ги спакувате сите парчиња со долги ракави, зашто секогаш може да ви послужат од комбинациите дури и во лето кога вечерите се понекогаш свежи. Според понудените колекции за тековната сезона 2014, дизајнерите и брендовите понудија шик тренди алтернатива на мантили во разни принтови, од цветни, винтиџ, графички, апстрактни, кои инстантно станаа популарни.

Речиси и да нема позната модна инсајдерка и трендсетерка што не спои ваков модел на мантил со некое монохроматско парче. Богатиот декор што го создава самиот принт е доволен да ја засити целосната комбинација. Па така, доколку веќе имате ваков принт мантил ве советуваме да го комбинирате со еднобојни парчиња од кои секако во преден план односно во фокусот ќе биде мантилот.

 

Изгледаат впечатливо,  колоритно и весело, а ваше е само да го одберете омилениот принт. Погледнете ги некои од моделите на ваквите  палта и инспирирајте се како да го носите она што веќе го поседувате или какво да набавите доколку сеуште не поседувате некое слично.

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Тренд