Едно од најпосакуваните парчиња сезонава се појави како инспирација од модел на Проенза Скулер кој истовремено е супер романтичен, модерен, нослив, елегантен и ултра удобен.

Кусите здолништа збогатени со шик карнери се едни од оние парчиња во кои девојките се заљубија од прв пат.

Во летните комбинации здолништата со карнери ќе донесат доза на лежерност која треба да биде синоним за сите стајлинзи во оваа топла сезона.

Речиси сите вакви здолништа што ги нудат вашите омилени брендови се изработени од убав и нежен материјал кој ќе ви ја овозможи сета слобода што ви треба во топлите летни денови.

Преку ден, без двоумење носете ги со патики и маичка со принт, додека во вечерните часови, комбинирајте ги со некоја елегантна кошулка и високи потпетици.

Погледнете неколку комбинации на познатите светски блогерки токму со ова здолниште и инспирирајте се за вашиот следен стајлинг во кој ќе блеснете.

 

Објавено:
7 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
906 пати