Зимскиот период не може да се замисли без ролка. Дали се работи за блуза, џемпер или фустан, не е важно, ова е едно од омилените зимски парчиња на многумина.

Доколку и вие сте едни од нив и во студениов период ова класично парче ви е едно од доминантните во гардероберот, ние ви даваме неколку предлози како да го вклопите во вашите секојдневни комбинации.

За дневните прошетки или лежерни комбинации, ролката е добра основа на комбинацијата на која ќе ги додадете омилените фармерки, патики,чевли или кратки чизми и јакна, мантил или капут.

Совршено се вклопува и во деловни комбинации со панталони со висок струк и палто.

Ако мислевте дека ролката е премногу обична за да ја вклучите во вечерната комбинација, не е така. Со интересно здолниште и капут може да биде мошне впечатлива комбинација. Или пак, туника со тесни фармеки, високи чизми и капут може да направи да изгледате модерно и софистицирано.

 

Одберете го она што најмногу прилега на вашиот стил и искористете го ова парче на најдобар моден начин. 

Во галријата погоре ви презентираме примери од стилот на познатите.

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.308 пати