Оваа зима сè е сино – комбинации во бојата на годината

10 декември 2019

Неодамна институтот Пантон ја прогласи „класичната сина" за боја на 2020 година.

Тоа ни беше почетна инспирација да ја пребаруваме актуелната улична мода низ светските метрополи и да ги селектираме оние највпечатливи изданија што ја вклучуваат класичната сина во својата комбинација.

Фото: Pinterest

Наидовме на бројни, стилски различни верзии во кои единствено заедничко е бојата на годината. Па, според тоа веруваме дека ќе го препознаете и вашиот фаворит меѓу предлозите.

Фото: Pinterest

Една опција е да направите спој меѓу класичната сина и друга интензивна боја (зелена, црвена, портокалова...) со што би постигнале впечатлив колоритен ефект. Друга варијанта пак е, да направите еднобојна комбинација во сино, каде ќе ставите акцент на раличните текстури, материјали и кроеви со цел да постигнете слоевитост.

Фото: Pinterest

Уште многу инспиративни идеи следуваат во галеријата во продолжение.

Фото: Pinterest

Објавено:
10 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.329 пати