Овој модел на џинс ќе биде моден хит претстојната есен

10 август 2020

Транзицијата од летна во есенска сезона, секогаш е проследена со возбудливи тенденции што прават спој меѓу двете сезони.

Почетокот на есента е секогаш инспиративна за модните вљубеници, затоа што дозволува толку многу простор за изразување на индвидуалноста преку досетливите модни комбинации и слоевитото миксање.
Есенските дизајнерски колекции веќе се изложуваат, а со тоа имаме увид и во трендовите што нè очекуваат.


А меѓу нив, еден модел на џинс доминира што веднаш може и да го посочиме како еден од трендовите што ќе ја обележат сезоната.

Се работи за џинс со висок струк и широки ногавици, модел што директно е инспириран од бохо естетиката на 70-те години.

Со оглед на неговиот крој, визуелно ја издолжува фигурата, што е дополнителна допадлива карактеристика, покрај тоа што лесно може да се комбинира во различни стилски варијанти, од кежуал до деловни.

Ако веќе имате таков модел во плакарот, оваа есен ќе биде вистинско време да смислите комбинации во кои ќе го вклопите.

 

 

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.053 пати