Пакет од минималистички парчиња за долгите топли летни денови
•
25 јуни 2014
Актуелната топла сезона од моден аспект промовираше навистина богата плејада на кроеви, принтови, бои и форми. За оние припаднички на понежниот пол кои не се љубители на „комплицираните“ дизајни и интензивните бои, врвните модни имиња подготвија пакет на модерен минимализам кој нуди едноставен и структуриран дизајн подреден во монохроматски комбинации.
Ред Краков
Модниот интензитет нуди комплетно смирен, лежерен и елегантен потенцијал на модели создадени од лесни ткаенини и меки материјали. Директно од пистите погледнете ги монохроматските варијанти и моќта на едноставноста.