Пелерина-палто во зелена нијанса - идеално парче за деловни комбинации

8 ноември 2021

Секогаш се радуваме кога ќе најдеме парче кое е интересно, несекојдневно, а совршено може да се вклопи во нашето секојдневие.

Овие критериуми ги исполни ова пелерина-палто во убава темна зелена нијанса.

Има повеќе причини поради кои ни се допаѓа, освен бојата, која е апсолутен хит сезонава.

Има детали во кариран дезен, без кои не може да се замисли сезона есен/зима. Тој кариран дезен е со виолетови и жолти линии, супер детаљ кој ви овозможува да си играте со модни додатоци во боја.

Има дворедно закопчување и брендирани копчиња кои придонесуваат за скапиот изглед.

Исто така се врзува во делот на струкот, со што го истакнува, но истовремено ви создава благ пеплум момент - идеален за сокривање стомак.

Комбинацијата со широки панталони и кошула е одличен пример за деловен изглед, но ништо малку впечатливо нема да биде доколку го искомбинирате со ролка и џинс!

Предност е што е изработено од квалитетен штоф кој во составот има и волна, па пријатноста и топлината при носењето се загарантирани.

Во делот на рамениците има детали кои му даваат малку строга форма и го прават уште повпечатливо ова парче во кое би можела да се пронајде секоја жена без оглед на возраста или стилот, а токму поради различните можности за комбинирање.

Ни се допаѓа и практичноста, а за тоа придонесуваат и џебовите.

На крајот, ова парче е дел од најновата колекција на домашниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА за сезона есен-зима 21/22, а можете да го видите во нивните салони во Скопје и Струмица или пак на онлајн продавницата elenaluka.com.

Оваа инвестиција се исплати бидејќи е со безвременска естетика, квалитетно е изработено и од одличен материјал, а поради кројот, дури и да варирате во килограмите, ќе можете да го носите.

 

Објавено:
8 ноември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.001 пати