Панкерски парчиња за смели бунтовници

12 март 2014

Панкот како инспирација во модната индустрија уште пред неколку сезони почна активно да биде застапен,  како во парчињата облека така и во аксесоарите.  За да носите вакви парчиња, треба во себе да ја поседувате таа енергија, гласат советите на професионалците. Панкерските модели не прилегаат секому, затоа не обидувајте се да експериментирате  ако не сте сигурни како се доживувате во нив. Иако првата асоцијација за панкот е бунтовноста, дизајнерите и брендовите смилија начин како да го имплементираат и во романтични дневни фустанчиња, чанти и накит.

 

Ако се пронаоѓате во нив, а вашиот карактер и сензибилитет дозволуваат комбинации од вакви парчиња, очекувајте низ полиците од бутиците да сретнете нови модели кои ќе бидат дел од новите колекции на повеќе  брендови и дизајнери. Во продолжение погледнете што се ќе биде како панкерска модна алтернатива.

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Тренд