Панталони со шлиц - најпопуларниот модел сезонава

30 март 2021

Секоја сезона носи некои нови трендови. Оваа меѓу најпопуларните се панталони со шлиц. Сепак, не би можеле да речеме баш дека се работи за нов тренд.

Модните инсајдери и трендсетери ги носеа уште пред четири години. Можевме да го сретнеме моделот и при уличната мода за време на големите модни недели, а Викторија Бекам го имаше не само во својот гардеробер, туку и во рамки на тогашните колекции.

Не можеше да се претпостави колку ќе завладее на модната сцена, но еве четири години подоцна, прави вистински моден бум.

Со првите пролетни денови, кога се' уште носиме и чизми и патики, токму и такви различни комбинации можат да се направат и сретнат со овие панталони.

Љубителите на поспортската естетика можат да ги комбинираат со патики и кошули, или блузони, додека оние што преферираат елеганција, можат да се одлучат за чизми до глужд, чевли на висока потпетица.

Во летните денови пак, одлично ќе изгледаат со сандали или влечки и тоа оние со ремчиња.

Шлицот на ногавиците може да биде страничен, или пак да се наоѓа на предната страна, следејќи ја средишната линија.

И двете варијанти се мошне популарни, па која и да ја одберете нема да згрешите. Црните модели се најзастапени, но подеднакво добро изгледаат и на модели во боја.

Трендов е застапен и меѓу фармерките, па ја имате и таа можност за избор, а подеднакво добро изгледа и на тесни, но и на пошироки, па дури и ѕвонести модели на ногавици.

Во продолжение погледнете  уште неколку примери и инспирирајте се:

 

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.890 пати