Панталони во боја – клучно парче за шик пролетни комбинации

26 февруари 2018

Иако деновиве направивме чекор назад кон длабока зима, сепак ние веќе размислуваме пролетно и во боја, кога се во прашање модните тенденции.

А модните тенденции за напролет без компромис, гласно најавуваат: боја, богат колорит, шаренило...

Едно од клучните пролетни парчиња, што ќе го комбинираме во секоја варијанта, се панталоните во боја. Најактуелни ќе бидат оние модели со висок струк, на врзување и со широки ногавици.

Нивниот колорит ќе варира од земјени и топли беж нијанси, преку пастелни тонови, па се до јаки и интензивни бои како виолетова, зелена, црвена, сина...

Таквите може да ги планирате и за вашите деловни комбинации, но истовремено се одличен избор и за коктел забави или неформални дружби, секако комбинирани соодветно на приликата.

Објавено:
26 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.932 пати
Тагови: 
тренд панталони