Овие стилски мантили се парче што секоја девојка мора да ги има во својот плакар. Доколку минатата сезона не си набавивте еден, сега е вистинското време за тоа.
Познатите брендови во својата понуда имаат огромен избор, а меѓу омилените се оние во кафена и боја на песок, пишува Buro24/7.
Речиси сите модели се изработени од мек и нежен материјал, а во голем број случаи може да се носат и како фустани со тоа што ќе ги стегнете со ремчето на половина.
Што се однесува до светски познатите дизајнери, најубавите мантили сезонава дефинитивно ги има Хајдер Акерман, па ако ви е потребна инспирација, тогаш тоа е дефинитивно овој бренд.
Покрај боите што ги споменавме, must have сезонава е и мантилот во црна боја, прекрасните нијанси на розово, а зошто да не и бел.
Тенката превртена кожа е материјалот што девојките најмногу го посакуваат, а подеднакво барани се и оние мантилчиња изработени од нежен памук.
Сончевите денови се на прагот, па сега е вистинско време да си набавите еден во кој ќе блеснете во првите пролетни мигови.