Париски шик во пруги

18 април 2018

Играта со принтови носи бесконечна забава. Не само што тенденциите наметнуваат нивно слободно комбинирање што не мора да следи некаков концепт, туку таквата игра нуди широк простор за изразување на личните стилски погледи.

Пругите како принт се безвременски. Независно дали суптилно се проткајуваат низ трендовите или се на врвот на листата на сезонски тенденции, тие се секако присутни.

Парижанките многу често во својот стил комбинираат парчиња со пруги, а белата блуза со црни пруги е безмалку и заштитен печат на парискиот шик.

Оваа сезона, пругите се видливо присутни во летните тенденции. Се компинираат пруги со пруги, или пак со некој друг принт.

Во уличната мода носат особена свежина, особено кога доаѓаат во широк спектар на бои.

Ви предлагаме низа идеи како да ги комбинирате...

Објавено:
18 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.377 пати