Патиките што го освоија Инстаграм!
•
15 октомври 2015
Веќе добро знаеме дека Инстаграм е една од омилените социјални мрежи на трендсетерките, а од неодамна тие ги „преплавија“ нивните профили со новите хит патики од шведскиот бренд Axel Arigato.
Станува збор за бренд што до неодамна беше познат по интересните парчиња машка облека и патики, но од пред неколку месеци тимот почна да креира и женски шик патики.
Шведскиот дизајнер и основач на модната куќа, Макс Свард објаснува дека успехот на брендот се состои во мешањето на едноставниот стил со луксузните детали.
При изработката на патиките, тој користи исклучително квалитетни материјали, за што во неколку наврати ќе каже и дека му е најважно.
Девојките нетрпеливо ги дочекаа и новите модели, а секако, истите веднаш ги покажаа и на Инстаграм.