Пет начини да стилизирате патики на елегантен и софистициран начин

23 ноември 2022

Без разлика дали се подготвувате за прошетка низ град или одите на работа во канцеларија, патиките се идеалните чевли кои ни го даваат стилот и удобноста што ни се потребни секој ден.

Благодарение на љубителите на патики, патиките стануваат се поприфатени модни обувки кои стануваат дел и од елегантни комбинации. Со појавата на безброј нови стилови, границата е поместена подалеку од времето кога патиките се сметаа за строго спортски обувки.

Иако тие не се првиот избор ако сакате софистициран изглед, еве неколку начини да ги стилизирате вашите патики за да изгледаат стилски со која било облека.

1. Во комбинација со класични панталони

Панталоните на линија се олицетворение на софистицираност и стил. Без разлика дали ќе ги комбинирате со вашите омилени патики за одење на работа или за прошетка со пријателите, оваа комбинација несомнено ќе ви даде елегантен изглед. Обидете се да стилизирате класични панталони со патики за модерен и трендовски изглед.

Фото: Pinterest

2. Спојте ги патиките со мини здолниште

Кренете ги спортските чевли на сосема ново сензуално ниво. Патиките додаваат лежерен и спортски елемент на секој мини фустан, здолниште или шорц. Иако овие парчиња често бараат високи потпетици, ви предлагаме да пробате да ги искомбинирате со патики за секси, но неверојатно удобен изглед.

Фото: Pinterest

3. Додадете им малку софистицираност со есенски капут

Главната улога на капутите е да нè загреат во студените месеци, но понекогаш знаат да изгледаат премногу професионално, што не ни одговара доколку целиме кон уличен стил на облека. За урбан и софистициран стајлинг, ви препорачуваме да го носите палтото со омилените патики и да уживате во комбинацијата на спортска и елегантна облека која создава шик изглед кој сигурно ќе ви донесе комплименти.

Фото: Pinterest

4. Секогаш совршени во комбинација со фармерки

Дали некогаш сте се запрашале „каде би бил светот без фармерки"? Како совршена основа за секоја облека, фармерките даваат простор за изразување и преку други парчиња и детали. Спојте ги омилените фармерки со какви било патики за стилски изглед кој никогаш нема да излезе од мода.

Фото: Pinterest

5. Обидете се со монохроматски изглед

Патиките изгледаат најдобро кога ја надополнуваат естетиката на аутфитот со кој се комбинирани. Монохроматски аутфит со соодветен пар патики прави да изгледате како да сте излегле од излог, а иако целиот изглед е во една боја - не изгледа едноставно и непривлечно. Обидете се да комбинирате кремаста облека со бели патики за модерен и елегантен изглед.

Фото: Pinterest

Објавено:
23 ноември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
756 пати