Пет причини зошто панталоните со макси ногавици се најдобрите за вас

12 јуни 2014

Широките панталони со висок струк и максимално долги ногавици одговараат речиси на секоја женска телесна конституција, одлични се за разни прилики, а исто така се олеснителна околност и кога немате инспирација за што да облечете на работа. Ова се петте причини зошто треба да се одлучите да носите ваков модел на панталони.

Тие  визуелно ќе ве направат послаби

Жените најчесто имаат проблем со пределот кај колковите, а токму ваквиот крој  на панталони, односно нивниот лесен пад и максималната должина,  фокусот го насочуваат подалеку од вашите облини.

Вашите нозе ќе изгледаат подолги

Со самото тоа дека ногавиците се подолги , чевлите на се гледаат, а ако сте „поткачени“  на потпетица или модел на чевли со платворма, вашите нозе визуелно ќе изгледаат послабо, но и подолго.

Стајлинг за секакви прилики

Одлични се како за дневна така и за вечерна варијанта, едноставно само треба да го комбинирате вистинскиот модел на обувки и горно парче облека. Можете да ги носите со балетанки, рамни сандали,висока потпетица, платформа, па дури и со патики. Панталоните со макси ногавици се одлични за на работа, вечерно излегување, а  доколку се од некој тенок материјал се одлични и за на плажа. Вие само треба да го изберете вистинскиот за вас.

Одлични и за сите временски сезони

Не само за секоја прилика, ваквиот модел панталони можете да го носите во секоја временска сезона. Единствено треба да направите селекција во однос на текстурите. Во пролетно-летната сезона можете да ги носите оние изработени од тенки и лесни материјали. Додека во студената, се разбира од подебели и потешки текстури.

Панталоните со макси ногавици се синоним за префинет моден стил

Всушност, ваквиот модел првпат станува популарен во 20-тите и 30-тите, популаризиран од Коко Шанел, Марлен Дитрих  и Кетрин Хепберн. Токму нивната константна популарност низ годините наназад, докажува дека тие се култно парче што секоја жена и девојка треба да го поседува во својот гардеробер.

 

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Тренд