Дали знаевте дека софистицираноста на вашиот изглед може да се постигне со правилен избор на боја? Боите имаат моќ да ја променат целосната енергија која зрачи од вашата облека.
Оваа година, имавме можност да видиме нијанси кои зрачат со луксуз на модните писти за есен/зима 22, но и во уличниот стил на модниот свет. Преку своите колекции, дизајнерите покажаа дека оваа сезона постои голема желба и потреба од светли, живи и заситени тонови, што на вљубениците во модата особено им се допадна како начин за софистицирана трансформација на нивниот личен стил.
Некои бои се подоминантни од другите и веднаш оставаат впечаток на луксуз. Дури и кога е нешто од ист материјал, со овие 5 нијанси едноставно ќе изгледа подобро од сите други.
Окер
Беж
Портокалова
Сина
Лаванда