Петочен предлог за дневна и вечерна комбинација

30 август 2013

Бидејќи е петок,  ден пред викенд, Fashionel за вас направи две комбинации  да ве инспирираат како да се облечете преку ден а како доколку излегувате вечерва. Лежерно рокерски имиџ ви предлагаме за преку ден, од фармерки со машки крој, интересна блузичка на долги ракави, старки и впечатливи аксесоари, додека за вечерва, изберете го вашето плисирано фустанче во пастелна боја и високи потпетици во истата нијанса, која дефинитивно е хит за летото а ќе остане и претстојната есен.

Објавено:
30 август 2013
Категорија: 
Тренд