Пилот јакни - задолжителни во „уличната униформа“

2 ноември 2015

Уличната мода важи за еден од најинвентивните сегменти во модната сфера. Тука индивидуализмот дозволува се во однос на креативно осмислените аутфити базирани на личната стилска естетика.
Елементите позајмени од војничките униформи секогаш важеле за еден од фаворитите имплементирани преку модифицирани парчиња во уличниот стил.

Бомбер или пилот јакните се дел од задолжителната „улична униформа" и оваа сезона. Кратките јакни сме ги виделе во бројни трансформации низ сезоните, но оваа есен доживуваат богата кулминација кога е изборорт во прашање: украсени со везени мотиви, комбинирани со плетенини и различни дезени, претежно во црна, тегет и маслинесто зелена боја.

Светските дизајнери ги интерпретираа пилот јакните во свои варијанти: Сен Лоран, Филип Лим и Изабел Марант направија комбинација на пилот јакни што се граничат со класичниот изглед, додека пак Стела Мекартни дизајнираше такви со препознатливи везови во форма на птици, а Дрис ван Нотен понуди практичен модел со две лица односно што може да се носи од двете страни.

 

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.255 пати