Писателката Ксенија Николова во романтичен бел фустан од Елена Лука

12 септември 2019

Романтичниот бел фустан е безвременско парче и затоа секогаш е вредно за инвестиција, особено ако се пронаоѓате во таа естетика.

Токму таков модел на женствен кошула-фустан акцентиран со карнери, дизајн на нашиот моден бренд Елена Лука, носи писателката Ксенија Николова и притоа одлично ѝ прилега.

Префинетиот материјал од кој е изработен, како и миди должината над колена, се одличен спој што дозволува да го носите во различни пригоди и истовремено да се чувствувате пријатно и женствено.

Ксенија го искомбинирала со плико чанта во интензивна портокалова нијанса и елегантни чевли на висока потпетица, што во целина одлично функционира.

Овој модел на фустан може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука како и на онлајн продавницата на брендот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onSep 12, 2019 at 1:30am PDT

Објавено:
12 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.667 пати