Плакарот на баба повторно ИН

17 октомври 2016

Почнувајќи од Гучи, па продолжувајќи со Прада, Миу Миу и Фенди, стилот „бубалица" инспириран од облеката во плакарот на нашите баби е повторно ИН и е една од носечките тенденции за актуелната сезона.

Сите оние парчиња што во тинејџерските филмови од 90-те ги носи најмалку популарната девојка во училиштето, сега се ултра популарни и ни беа презентирани на модните писти во Њујорк, Лондон, Париз и Милано.

Оваа есен воопшто не двоумете се да го облечете лежерниот плетен џемпер, кошулата со ситен принт и со машна врзување околу врат, романтичното фустанче со карнери или дебелиот шал со кариран дезен.
Во продолжение погледнете неколку инспиративни варијанти како да ги комбинирате.

 

Објавено:
17 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.566 пати