Пламнете во црвено оваа есен

26 септември 2022

Експлозија на бои и вистински раскош од длабоки топли тонови. Тоа е есента! Портокаловата е заштитна боја на претстојната сезона, но веднаш по неа, несомнено доаѓа црвената.

Црвената боја и сите нејзини нијанси се исклучителен симбол храброст и моќ, лесно привлекува внимание и поставува одреден авторитет во опкружувањето. Токму затоа, честопати изборот на многумина се сведува на попитоми и загасени бои, но оние кои знаат како да ја носат црвената, бескомпромисно стануваат центар на вниманието.

Фото: Pinterest

Доколку досега не сте се чувствувале доволно храбри да носите црвени комбинации, но сакате да внесете црвени елементи во вашата гардероба оваа есен, дозволете си мали чекори. Започнете од модните додатоци, како шапки, шалови, чанти, чевли или ремени, па постепено преминете на засебни парчиња облека, како здолништа, пантолони, кошули, блузи и јакни. Наскоро ќе се чувствувате доволно самоуверено за да носите црвени палта, мантили или пак монохромни црвени комбинации.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Во прилог ви претставуваме неколку инспиративни фотографии со аутфити кои содржат црвени елементи за да ве поттикнеме да ја освежите вашата гардероба со малку храброст.

Фото: Pinterest

Објавено:
26 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.507 пати