Племенски аксесоари за претстојното лето

10 мај 2013

 

Инвенцијата на разни племенски групи и спецификата на принтовите на етничките заедници ќе биде присутен во секој моден додаток ова лето во смисла на силни форми, материјали и бои како еклектично розевата, тиркизните нијанси, лимет зелената, жолтата, црвената и секако флуоросцентните нијанси. Летниот тренд оваа година нужно налага и накит со принтови, сомбреро, околувратници со декоративни прстени, накит од полускапоцени златни, тиркизни и виолетови камења, индијански ѓердани со метални камења и додатоци од летни ткаенини.

 

 

Ова лето  модната индустрија ќе обработува цели културни ентитети со сите нивни историски специфики што значи драматични бои, разни геометриски форми и во голем обем. Богатите и курпулентни аксесоари, ова лето се најавуваат како  главeн момент на модните недели, на црвениот ќилим и во трендовското секојдневие.

 

 

Викторијанскиот гламур оваа сезона се пресретнува со племенските афрички елементи низ разни неонски комбинации , цветните принтови се судираат со боемскиот  стил. Тоа значи дека ако сакаме впечатлив изглед тогаш ќе инсистираме на крупен, гламурозен впечатлив накит освежен со племенски мотиви, ѓердани богати со камења, колоритни алки, прстени и обетки во жив контраст на силни бои како и шарени ткаени етно чанти.

 

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Тренд