Есента крие неверојатна романтика во себе.
Раскошната палета на бои и златниот сјај на природата; сивите облаци и есенскиот дожд; мирисот на тиква, ванила и цимет; топлите напитоци; свеќите во ентериерот и мекото плетиво кое го враќаме во гардероберот неизбежно будат топло и смирувачко чувство.
Фото: Pinterest
Па така, неретко, а можеби потсвесно, забележуваме дека дури и облеката која ја одбираме за секојдневните пригоди во есенскиот период ја рефлектираат и слават таа романтика.
А кога веќе сме кај романтични есенски комбинации, многумина би се согласиле дека спојот на мек и топол плетен џемпер со лелеаво здолниште претставува непогрешлива формула за романтичен есенски изглед.
Фото: Pinterest
Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за предимензиониран модел на џемпер или пак кропиран дизајн, без разлика на плетката, бојата и дезенот, и независно од тоа дали ќе ги потпикнете долните рабови во здолништето или пак ќе оставите слободно да паѓа врз него, изборот на плетен џемпер во спој со лелеаво здолниште е вечен есенски тренд и бесмртна класика која ги освојува срцата на љубителите на модата секоја сезона.
Плетените џемпери изгледаат одлично во комбинација со миди и макси здолништа, памучни, свилени, сатенски или плисирани, еднобојни или со впечатливи дезени, а изгледаат уште повеќе шик доколку изгледот е комплетиран со високи чизми до колена.
Фото: Pinterest
Доколку ви е потребна дополнителна инспирација за како да го споите вашиот омилен плетен џемпер со лелеаво здолниште, разгледајте ја галеријата подолу.
Фото: Pinterest