Плетен елек и кошула – есенска хит комбинација која доминира во уличната мода

6 октомври 2020

Модниот циклус сезонава ни врати уште еден ретро тренд особено популарен во 90-те години. Ако ги следите профилите на социјалните мрежи кои во својот фокус ја ставаат уличната мода, тогаш сигурно сте забележале дека плетениот елек е едно од најактуелните модни парчиња.

Најчесто во комбинација со кошула, оваа есен од моден аспект е во знакот на ова ретро парче.
Во предимензионирани кроеви и различни дезени, плетениот елек нуди многу можности за комбинирање што е уште една причина поради која може многу често да се сретне во комбинациите на модерните девојки.

Се носи во опуштено издание облечен врз кошула-фустан или пак со ремен околу струкот во комбинација со елегантни панталони, како одлична предлог комбинација за деловен изглед.
А уште некоја идеја плус како да го комбинирате, следува во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.477 пати
Тагови: 
плетен елек