Иако летото сѐ уште трае, во понудите на голем број познати и омилени брендови веќе можеме да најдеме бројни плетени парчиња како едни од најпосакуваните за претстојната есенска сезона.

Меѓу нив се и тренди фустаните од материјалот кој се смета за најголем хит за сезоната што доаѓа, а и многу брзо стана еден од омилените на девојките ширум светот.

Носете ги во текот на целата есен и зима, со тоа што во постудените денови ќе им додадете и тренди мантили, капути, марами и што уште и ќе го „зачините“ омиленото слоевито облекување.

Додека времето сѐ уште е убаво, без двоумење комбинирајте ги со високи потпетици, рамни чевли или патики кои подоцна ќе ги замените со квалитетни и модерни чизми.

Во своите есенски колекции вакви парчиња вметнаа речиси сите познати светски дизајнери меѓу кои и Викторија Бекам, Стела Мекартни, Мисони и уште многу други кои најголемо внимание им посветија на плетените фустани и џемперите со интересни форми.

Во галеријата погледнете дел од нивната понуда и набавете си барем едно плетено парче за претстојната сезона!

Објавено:
17 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.177 пати