Плетиво од глава до пети

2 декември 2014

Убавината на есенската сезона е во тоа што дозволува да го „украсите“ вашиот изглед со богатство од плетива. Новитет во однос на модните трендови е токму плетивото во колекциите на дизајнерите и тоа во модели од глава до пети. Благодарение на Стела Мекартни, Марк Џејкобс, Ланвин и Селин, стилските комбинации од модните писти заживејаа на улиците на светските метрополи и тоа како масивен тренд, кој ги воодушеви модните трендсетери.

Доколку сте љубител на плетивата, тогаш ние ви предлагаме да направите комбинација од панталони со крој во форма на трапез и пуловер. Но, доколку преферирате класичен изглед, тогаш долгиот фустан ќе биде доволен за впечатлив изглед, комплетиран со парчиња кои нудат неопходна топлина и заштита во овој студен период. Погледнете ги фотографиите и одберете ја вашата омилена комбинација.

Преземено од Fashion.hr
Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Тренд