Плетиво: Трендовски сојузник во кој ќе ги поминеме студените денови

31 октомври 2022

Есента отсекогаш била омилена сезона за оние кои сакаат разиграни и слоевити модни комбинации и впечатливи модни детали кои му даваат дополнителна живост на преодниот период помеѓу топлите летни денови и студените зимски месеци.

Есента најчесто се карактеризира со студени утра и ноќи, но затоа пак деновите се претежно топли. Земајќи ги предвид температурните разлики, за време на есенската сезона бараме облека во која ќе изгледам добро, но и во која ќе ни биде удобно и доволно топло во исто време. Па, знаејќи дека забрзано се движиме кон постудените месеци, време е да размислиме со што да ја обновиме гардеробата со нови парчиња облека.

Фото: Pinterest

Во таа смисла, плетивото претставува најдобар есенски моден сојузник. Предимензионираните парчиња, како што се плетените џемпери, се особено популарни во последно време и одлично изгледаат во комбинација со фармерки, здолништа, шорцеви, како слој врз кошула и под палта и јакни.

Фото: Pinterest

Плетениот кардиган е исто така одличен избор бидејќи може да се користи наместо јакна или блејзер. Во последните две години кардиганите се вратија во мода и тоа е практично и тренди парче кое вреди да се инвестира.

Фото: Pinterest

Кога станува збор за боите пак, иако неутралните палети се вечно во тренд, оваа сезона ќе доминираат разиграните дезени и јаките нијанси кои ќе ги освежат вашите есенски комбинации.

Во прилог ви прикажуваме неколку примери за плетива кои ќе бидат во тренд оваа сезона со надеж дека ќе ве инспирираме за следниот шопинг.

Фото: Pinterest

Објавено:
31 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.543 пати