Плисираните здолништа се задолжително модно парче ова лето

4 јули 2013

Еден од најомилените трендови ова лето, практично, едноставно за носење, во ефектни и весели бои, женствени, но пред се удобни – добитна комбинација за освојување на сечие женско срце. Плисираните здолништа во своите мини или макси изданија, со висок или низок струк, се совршен избор за секоја пригода бидејќи без многу труд добивате модерен стајлинг. Предноста на овој вид здолништа е што лесно ги прекриваат недостатоците, а доколку ви се чини дека ве прави покрупни, комбинирајте ги со чевли со висока потпетица.

Плисираните здолништа се добар избор за сите оние кои сакаат истовремено да изгледаат модерно и необично, со доза удобност. Со сигурност може да се каже дека тие се најромантичниот тренд оваа сезона.

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Тренд