„Plus size“ трендови кои ќе ја одбележат оваа есен

5 септември 2014

За девојките и жени со покрупна линија, оваа сезона дизајнерите и модните куќи понудија широк дијапазон на различни стилски варијанти на есенско-зимски парчиња. Линиите на моделите варираат од едноставни, лежерни и предимензионирани до такви кои го нагласуваат деколтето или кроеви во А форма. Палетата е богата со градација на боите од нежни и пастелни, преку јаки и неонски, до темни и смирени.

Мајкл Корс Мајкл Корс

Сублиматот од фотографии на кои има модни парчиња потпишани од различни дизајнери е навистина импресивен. Генерално во креирањето на „plus size“ линиите дизајнерите се воделе од лежерноста, комоцијата и удобноста, а кројот на моделите е доведен до перфекција.  Недостатоците или вишокот се „прикриени“, а се она што е именувано како женствен адут е  нагласено дискретно.

Fashion to Figure Fashion to Figure

Фармерките и панталоните со висок струк и рамен крој се во преден план, заедно со нив и предимензионираните блузи во комбинација со капути и палта кои имаат нагласена половина и А-крој во долниот дел. Кожените плисирани здолниште со должина до под колена се исто така „ин“ парче за оваа есен. За оние кои се похрабри и сакаат да ги истакнат своите нозе, џинс здолништата со должина до над колена се одличен избор. Особено актуелни ќе бидат миди здолништата во монохроматски варијанти кои прикажуваат неверојатен мозаик на геометриски форми кои креираат оптичка илузија и визуелно ги прават нозете послаби. Карираните дезени и свежите впечатливи бои се исто така дел од  „plus size“ тенденциите за претстојниот период.

Fashion to Figure Fashion to Figure

Брендовите не заборавија и на женската елеганција и префинетост, па својата понуда ја збогатија со елегантни тоалети и коктел фустани главно изработени од тантела во црвени и сини нијанси кои одлично ќе се вклопат со вашите модни визии. Погледнете ја галеријата и одберете ги оние дизајни кои најдобро одговараат на конституцијата на вашето тело и комплетно се согласуваат со вашиот стил.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Тренд