По примерот на Грејс Кели и Одри Хепберн: Летни комбинации од 50-те што се популарни и денес

13 јули 2020

Во 1947 година Кристијан Диор го креираше „новиот изглед", а со тоа отвори ново поглавје во модната историја што стана безвременско.

Аутфитот што вклучува нагласена половина и женствено здолниште во А линија, набрзо беше присвоен и обожуван од модните икони во тоа време: Грејс Кели, Одри Хепберн, Брижит Бардо, Џеки Кенеди...

На постерот за филмот „ Roman Holiday" (1953), Одри е стилизирана токму во таква безвременска варијанта: бела кошула и миди здолниште со нагласена половина со ремен.

Брижит Бардо пак, за филмот „Come dance with me" (1959) носи црн топ и карирано здолниште со нагласен струк, комбинација инспирирана повторно од „новиот изглед" на Диор.

Вредноста на ваквата естетика се гледа и во фактот што низ годините и постојаните трансформации на модните тенденции, никогаш не изгубила од својата популарност. Се модифицирале варијантите, но есенцијата засновата на препознатливата силуета, останувала непроменета.

И оваа летна сезона, ваквиот женствен изглед е незаменлив, се разбира во осовремена форма која вклучува голем избор на комбинации.

Издвојуваме како „новиот изглед" изгледа во 2020 година.

Фото: Пинтерест

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.463 пати