Подготвени или не, кломпите се враќаат на модната сцена

5 февруари 2021

Сакале ние да прифатиме или не, удобноста си го зеде своето  место на пиедесталот годинава. Под влијание на условите кои ги создаде пандемијата, високите потпетици останаа да собираат прав во гардероберот, а удобните обувки да ги носиме во радиус продавница, аптека, тераса, затоа што подалеку и нема каде да се оди.

Така UGGs  чизмите се задолжително парче обувки сезонава, а да не зборуваме за влечките за домашни услови, кои почнаа да добиваат најразлични привлечни варијанти.

На листата додадете ги и кломпите. Не се знае колку ќе бидат поделени мислењата околу имплементирањето на кломпите во секојдневната мода, но дизајнерите веќе ги форсираат.

Марни и Меквин, Стела Мекартни, Ерме, Луи Витон се само дел од модните брендови кои ги вметнаа кломпите во своите колекции за пролет-лето 2021.

На некој начин е поетично појавувањето на кломпите во модата периодов, како еден вид антитеза на високите потпетици.

Во 90-тите беа еден од најпопуларните трендови. 

Што мислите за нивното враќање?

Објавено:
5 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
797 пати
Тагови: 
кломпи