Подгответе го гардероберот за претстојната сезона: Портокаловата е заштитна боја на есента

24 август 2022

Уште само помалку од еден месец и веќе и официјално ќе се збогуваме со календарското лето за годинава. Дрвјата околу нас ќе позлатат додека да трепнеме, а тоа значи дека и на нашиот гардеробер ќе му биде потребна обнова.

Облачните есенски денови не треба да не оттргнат од љубовта кон светлите бои, а портокаловата е една од оние светли нијанси кои совршено ѝ прилегаат на секоја сезона и го подигнуваат расположението без разлика на надворешните услови.

Фото: Pinterest

А со сите портокалови нијанси кои ни ги подготвува природата и есенските декорации и неодоливата боја на вкусната тиква која со нетрпение ја чекаме секоја сезона, портокаловата и со право го носи епитетот „заштитна боја на есента". Во таа смисла, портокаловата ќе биде неоткинлив дел и од нашата гардероба, а модните гиганти го потврдија тоа со своите дизајни за време на модните ревии за Есен 2022.

Без разлика дали станува збор за храбар избор на портокалови палта, чизми, монохроматски комбинации; портокалови парчиња облека или пак акцентски модни додатоци, веруваме дека никој нема да може да ѝ одолее на оваа боја и таа ќе зацарува со нашиот есенски стил.

Во прилог ви нудиме неколку инспиративни примери за тоа како да ги искомбинирате различните нијанси на портокаловата во претстојната есенска сезона.

Фото: Pinterest

Објавено:
24 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.232 пати