Помеѓу лето и есен: Комбинации за секој ден од септември

26 август 2020

Пред нас е септември, месецот во кој се одјавуваме од летото и се поздравуваме со есента. Во модна смисла, тоа значи и преодна модна сезона, транзиција од летна во есенска гардероба и безброј можности за интересни стилски комбинации.

Голема предност е што овој период во слоевити аутфити може да ги спојувате омилените и летни и есенски парчиња, па затоа спектарот на можности е богат.

Наш предлог е оваа сезона да се обидете да редизајнирате некое парче кое можеби веќе не е во функција и да го пренамените во функционална облека. Ќе се изненадите како со малку креативност и вешта реализација, може да ги реупотребите парчињата на кои повеќе не сте сметале.

Во однос на есенските тенденции пак, сезонава ќе биде шаренолика во стиловите и естетиката, но ќе се задржат неколку базични трендови карактеристични за овој период како што се земјените нијанси, мантилите во елегантни кроеви, парчињата од џинс...

Како инспиративна доза мотивација, селектиравме 30 супер стилски комбинации за секој ден од септември:

 

 

Објавено:
26 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.032 пати