Популарни есенски комбинации со ролка – базично модно парче за оваа сезона

15 октомври 2020

Во есенскиот изглед, ролката е едно од базичните модни парчиња што ја сочинувaат основата на стилскиот, а истовремено и практичен сезонски изглед.

Лесно се комбинира речиси во секој аутфит и тоа е една од причините поради кои секој во својот плакар има барем по една ролка.

Моделите и дизајните секоја година добиваат нов лик, но она што е константно е нивната неизбежна популарност во периодот од рана есен до рана пролет.

Затоа, ролката ќе ја ставиме на листата MUST HAVE како парче во кое секогаш вреди да се инвестира.
Во актуелната есенска линија на модниот бренд Елена Лука ќе наидете на неколку супер трендовски модели на ролки, изработени од пријатен материјал, со декоративни копчиња и карнери на ракавите, а достапни во неколку различни бои што може да ги комбинирате во сите ваши сезонски комбинации.
Достапни се во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука, каде може да ја погледнете и комплетната, богата есенска понуда на брендот.

Како дополнителна инспирација како ова базично парче да го вметнете во трендовски аутфити оваа есен, ви посочиваме неколку одлични идеи од уличната мода.

Објавено:
15 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.878 пати